Виенската опера ги откажа сите свои спектакли до крајот на јуни, поради мерките на австриската влада против ширењето на коронавирусот.

Првично, сите спектакли беа откажани до април. Записите за оперските и балетските претстави ќе бидат емитувани на официјалната веб-страница на оперската куќа за време на прекинот на работата. Корисниците треба само бесплатно да се регистрираат и да се претплаќаат за да ги гледаат претставите.

До крајот на април, во Австрија важат рестриктивни мерки за јавниот живот и постојат строги препораки за самоизолација на населението. Беа откажани сите масовни и спортски настани, а образовните институции се префрлија он лаjн. Културни места, ресторани, кафулиња и трговски центри се затворени, со исклучок на супермаркетите, аптеките, поштата и бензинските пумпи.

Намерите на властите се да започнат со напуштање на рестриктивните мерки од средината на април.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO