Раководството на Реал Мадрид во текот на летниот преоден рок ќе се обиде да го привлече напаѓачот на Борусија Дортмунд Елинг Холанд. 19-годишниот Норвежанец е главна цел на ʺКралскиот клубʺ.

Според „Марка“, Реал може да го вклучи во зделката напаѓачот Лука Јовиќ, кој се префрли на ʺСантијаго Бернабеу“ од Ајнтрахт Франкфурт во летото 2019 година. Холанд стана играч на Борусија Дортмунд во јануари. На 11 натпревари со екипата на германскиот тим тој постигна 12 голови и асистираше за два. Претходно имаше соопштенија, дека поради нарушување на правилата за карантин, Реал ќе се обиде да го продаде Јовиќ. Во март, 22-годишниот фудбалер се врати од Шпанија во Србија, игнорирајќи ја потребата да се изолира две недели во Мадрид.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO