Во 2021 година ќе излезе анимираната серија „Angry Birds: Summer Madness“,  созададена од истоимената игра. Тоа го соопштија на Твитер претставници на Netflix.

Главните ликови ќе бидат птиците Ред, Бомб и Чак, кои ќе бидат тинејџери. За време на летнен камп, тие ќе треба да се борат со „грозните свињи“ кои живеат од другата страна на езерото и сакаат да уништат сè што ги опкружува.

Планирани се 40 епизоди на серии со траење од 11минути.

Играта Angry Birds излезе во 2009 година. Таа стана толку популарна, што на голем екран во 2016 и 2019 година се појавија два долгометражни анимирани филмови.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO