Познатиот полски лекар Војчих Рокита почина синоќа во болницата во Келце, на која тој беше директор, соопштиjа полските медиуми.

Рокита беше на чело на гинеколошкиот оддел и иако го повлече коронавирусот при враќањето од странство, тоа не беше причина за неговата смрт. Максимилијан Матерна, пријател на семејството на лекарот, објави видео на социјалните медиуми во кое објаснува дека д-р Рокита се самоубил поради многубројните пораки за говор на омраза што ги добил во последните денови.

Рокита, заедно со персоналот на болницата, ја увери јавноста дека нема никаков контакт со ниту еден пациент или друг персонал. Но, многу корисници на социјална мрежа не му веруваа, па затоа беше навреден на социјалните мрежи и пред болницата.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO