Валтер Брус Вилис, или само Брус Вилис, е познат со генерации и е еден од најдобрите акциони актери во современото кино. Човекот кој секогаш го спасува светот од огромна опасност денес наполни 65 години.

Роден е на 19 март 1955 година во Западна Германија, каде неговиот татко бил на воена служба. Во 1957 година, целото семејство се врати во Америка, каде помина детството на Брус.

Од дете, Вилис имал говорен дефект познат како дисплазија. Сепак, неговиот проблем магично исчезнува пред публика, и малку по малку се појави неговата страст за глума. Откако завршил средно училиште, тој никогаш не се запишал на колеџ. Почнал да работи на најобични места како што било, и во меѓувреме играл хармоника во локалниот блуз бенд.

Сепак, сфатил дека нешто недостасува. Се запишал на локален колеџ, каде што дипломирал. Во 1977 година, тој одлучи да се пресели во Нjу јорк, каде започнал да работи како барман, но сепак продолжил да присуствува на кастинги. Тогаш тој беше забележан и неговата кариера постепено растеше.

Неговата sвезда се крена откако стана дел од актерската екипа на „Moonlighting“.

Еве неколку од најпознатите филмови на Вилис:

Die Hard – акционен трилер и еден од најпознатите иконични филмови во кино историјата.

The Sixth Sense е психолошки трилер на режисерот М. Ној Шајамалан во неговото сценарио.

Pulp Fiction е вистинска класика кога станува збор за кино. Филмот е од 1994 година, а режисер е Квентин Тарантино.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO