Скоро 78 милијарди долари за еден ден ги загубија 20-те најбогати луѓе во светот, поради најголемиот пад на клучните индекси од октомври 1987 година на берзата. Ваквите податоци ги објави Форбс.

Експертите проценуваат дека извршниот директор на „Амазон“ Jеф Безос претрпел најмногу загуби. Откако цената на акциите на неговата компанија падна за 8%, тој загуби скоро 8 милијарди долари. Статусот на извршниот директор на француската група на компании LVMH (Louis Vuitton Moet Hennessy) Бернар Арнауд се намали за 7,7 милијарди долари за еден ден.

Шефот на Фејсбук Марк Цукерберг изгуби 5,7 милијарди долари, а богатството на милијардерот Лери Елисон падна за 5,6 милијарди долари.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO