Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне го пофали специјално голманот на тимот Јан Облак, откако по елиминирањето на Ливерпул во 1/8 финалето на Лигата на шампионите. Атлетико го доби реваншот во Ливерпул со 3: 2 по продолженијата.

ʺНемам никакви сомнежи дека Облак е најдобриот голман на светот во моментов. Тој е многу важен за нас, како Савиќ, Фелипе, Феликс. Го имаме најдобриот голман на светот. Во Барселона го имаат Меси кој ги прави резултатите. Кај нас тоа во голема мерка го прави Облак. Тој е најдобриот. Затоа е таму, каде што треба да биде. Нашето преминување кон тактичкката шема 5-4-1 требаше да ни дозволи да создадеме шанси при контранапади и ги создадовме. Влегувањето на Јоренте наместо Коста беше одбранбен чекор, но во пракса не се одвиваше точно како што се претпоставуваше, изјави Симеоне по средбата. Првиот натпревар исто така заврши со победа на Атлетико со 1: 0. На тој начин Атлетико Мадрид влезе во 1/4 финалето на шампионската титула, а Ливерпул заврши со одбраната на титулата на турнирот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO