Младата sвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе дал негативна проба за коронавирусот COVID-19, откако ги пропушти последните два тренинга на тимот со воспаление на грлото. Денес францускиот репрезентативец бил на тестирање за новиот вирус, но примерокот беше негативен и тој може да игра против Борусија Дортмунд вечерва, ако е подготвен да игра. Парижаните го пречекуваат германскиот тим пред празните трибини на Парк де Франс, во обид да се преборат со поразит од 1-2 од нивната прва средба во Германија.
ʺЌе мора да почекаме и да одлучиме“, одговори тренерот на ПСЖ, Томас Тухел на прашањето дали Мбапе ќе биде во првиот тим против Борусија Дортмунд. Со сигурност натпреварот ќе го пропушти централниот дефанзивец Тијаго Силва поради повреда.
ПСЖ ја пречекува Борусија Дортмунд вечерва од 21 часот по македонско време.