Тимот на Бруклин Нетс изненадувачки ги совлада Лос Анџелес Лејкерс со 104: 102 како гостин во натпревар од регуларната сезоната на НБА. Во ʺСтејплс Сентрʺ, Бруклин имаше заостанување од 10-11 поени до средината на втората четвртина, но потоа успеа да направи пресврт и да стигне до успехот со разлика од два поени.

Леброн Џејмс одигра уште еден силен натпревар за ʺЕзерџиитеʺ, останувајќи на една асистенција од трипл-дабл – 29 поени, 12 скокови и 9 асистенции, а Ентони Дејвис исто така беше на ниво и запиша 28 поени и 8 скокови, но сите други играчи на тимот постигнаа само 47 поени вкупно. За Нетс, над сите беше Спенсер Динуиди со 23 поени и 7 асистенции, додека Карис Леверт додаде 22 поени и 7 скока. Лејкерс продолжуваат да водат во Западната конференција со 49 победи и 17 порази, додека Бруклин се наоѓа на седмото место на Истокот со биланс од 30-34.

Во Источната конференција, Бостон Селтикс стана третиот тим што обезбеди учество во плеј-офот, откако ги совлада Индијана Пејсерс со 114-111 како гостин. Селтикс ќе игра во плеј-офот шеста година по ред.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO