Екипата на Голден Стејт Вориорс ја победи Филаделфија 76ерс со 118-114 на домашен терен во регуларната сезона на НБА. Во Сан Франциско домаќините заостануваа во текот на речиси целиот натпревар, а во еден момент пасивот им беше десет поени, но на крајот успеаја да стигнат до еден од нивните ретки успеси за време на кампањата.

Стеф Кари, кој скоро се врати од долгото отсуство поради повреда,  го пропушти двобојот, откако беше дијагностициран со грип од типот А, но во негово отсуство, многу силен натпревар оствари Дејмиан Лиј, кој натпреварот го заврши со 24 поени и 6 скокови. Ерик Паскал додаде 23 поени од клупата, а центарот Маркиз Крис беше близу до трипл-дабл – 13 поени, 10 скока и 8 асистенции. За Филаделфија, над сите беше Ал Хорфорд кој заврши со 22 поени, 10 скока и 7 асистенции. Воините остануваат на дното на Западната конференција со актив од 15 победи и 49 порази, додека 76ерс се на шестото место на Истокот со биланс од 38-26.

Останатите резултати:

Шарлот – Хјустон 108: 99

Детроит – Јута 105: 111

Кливленд – Денвер 104: 102

Мемфис – Атланта 118: 101

Портланд – Сакраменто 111: 123.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO