Поранешната бразилска фудбалска ѕвезда Роналдињо бил приведен од полицијата во Парагвај, поради тоа што наводно во земјата влегол со фалсификуван пасош. Полицијата упаднала во неговата хотелска соба синоќа и пронашла фалсификувани парагвајски пасоши на Роналдињо и на неговиот брат.

Обвинителот Федерико Делфино изјави дека браќата го напуштиле Бразил со нивните оригинални бразилски пасоши, но во Парагвај влегле вчера наутро со фалсификуваните документи. „Тоа со оригинални пасоши, но со лажни податоци“, рече тој.

Обвинителот додаде дека Роналдињо им кажал на инспекторите дека луѓето што го донеле во земјата му ги дале документите. Тој беше во Парагвај да помогне во локалната кампања за детско здравје.

Фудбалерот денеска давал исказ пред единицата за организиран криминал. Обвинителството денеска треба да одлучи дали ќе поднесе обвинение.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO