
Kоронавирусот изминативе денови направи многу проблеми во фудбалска Италија, останатите земји од Европа се уште не реагирале, но Македонија може да биде прва која ќе се реши на драстични мерки.
Владата на денешната седница ќе го разгледува предлогот на Министерот за здравство, Венко Филипче кој бара да се забранат сите големи јавни собири и спортски натпревари како превентива од ширење на коронавирусот.
„Предлогот е да се забранат сите јавни собири каде има голема бројка на граѓани, без разлика дали се во затворен или отворен простор. Треба да се откажат сите големи јавни собири и спортски натпревари“ – брифира Филипче.
И додека постои можност сите спортски настани од домашните првенства да бидат одложени, проблематичен е дуелот помеѓу Вардар и Монпелје во ракометната Лига на шампиони. Поради згуснатиот распоред, тешко е да се најде нов термин. Доколку Владата го прифати предлогот, веројатно во „Јане Сандански“ ќе се игра пред празни трибини.
