Украинска поларна станица на Антарктик забележа феномен за кој научниците имаат објаснување. Украинското Министерство за образование и наука на Facebook објави несекојдневни фотографии:

црвени и розови траги над глечери и замрзнати рамници. Всушност, станува збор за морска трева со слој од црвен каротен, познат како Chlamydomonas Nivalis.

Алгите успеваат во ледена вода и зимата во мирување на снегот и ледот. Кога доаѓа лето и снегот се топи алгите цутат и се размножуваат, ширејќи црвени спори како цвеќиња. Овој феномен е познат како „крвав снег“.

Според украинските истражувачи овие цветови можат да започнат повратен круг на загревање и топење.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO