Мартеница е висулец од засукани конци кои се ставаат на 1-ви Март.

Зборник на Браќата Миладинови „Български народни песни“:

Дента спроти Марта сучат црвено и бело предено со цело; и утрината го клавает на децата на грло, на р’це и ноѕе за здравје. Тие се викает мартинки, и со ним в Струга сретват ластoвиците. Таја вечер пременувает местата, к’де спавале до тога, за да не ги јадат болви. Тој ден малите деца прават ластовица от дрво шикосано, и пејет по к’штите: „Ластовица идеше, Црно море пливаше…“

Обичајот со мартениците не е само заштитен на домашната листа како културно наследство, туку со мултинационална апликација во УНЕСКО во кој влегоа Македонија, Романија, Бугарија и Молдавија. Од 2017 година е поставен на репрезентативната листа на УНЕСКО како светско нематеријално културно наследство.

Овој обичај се јавува во неколку форми, во зависност од државата каде се практикува. Во Романија и Молдавија, мартинката се нарекува mărţişor, но таму мартинки носаат само жените, додека во Бугарија и Македонија ги носат сите. И во Југоисточна Србија исто се носат мартинки, генерално кај жителите со бугарско етничко потекло.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO