
Тимот на Милвоки Бакс продолжи со своето одлично петставување од почетокот на сезоната, откако го совлада Вашингтон Визардс со 137: 134 како гостин по продолжение.
Во главниот град на САД Бакс доминираше во првите две четвртини, а на стартот на третата, нивното водство достигна 20 поени. Сепак, домаќините направија одлични финални 15 минути, а на минута пред последната сирена дури и поведеоа со два поени. После две поени на Ерик Бледсоу од линијата за слободни фрлања, се стигна до продолжение во кое Бакс се наметна со 14-11, за да стигнат до успехот.
Одличен натпревар за „Волшебниците“ оствари Бредли Бијл, кој ги реализираше рекордните во кариерата 55 поени, но дури и тоа не беше доволно за тимот да победи. За Милвоки, Крис Мидлтон заврши со 40 поени, 5 скока, 5 асистенции и 3 украдени топки, Јанис Адетокумбо забележа 22 поени и 14 скокови, а Ерик Бледсо упостигна 23 поени, 10 скокови и 7 асистенции.
Милвоки води убедливо на Истокот со 49 победи и 8 порази и со тоа тимот веќе си обезбеди место во плеј-офот, додека Вашингтон се наоѓа на деветтото место во истата конференција со биланс од 20 успеси и 36 порази.
Останатите резултати:
Кливленд – Мајами 125: 119
Филаделфија – Атланта 129: 112
Бруклин – Орландо 113: 115
Хјустон – Њујорк 123: 112
Далас – Минесота 139: 123
Јута – Феникс 111: 131
ЛА Клиперс – Мемфис 124: 97.
