Лацио ја оствари осумнаесеттата победа во италијанската Серија А, откако во 25-тото коло ја совлада Џенова на ʺЛуиџи Ферарисʺ со 3: 2. На овој начин, „Орлите“ се зацврстија на второто место на табелата и повторно се приближија на бод од лидерот Јувентус.

Натпреварот започна на прекрасен начин за избраниците на Симоне Инзаги, кои го отворија резултатот уште во втората минута, кога Адам Марушиќ беше прецизен. На почетокот на второто полувреме, двете екипи разменија по еден гол. Прво, Чиеро Имобиле (51) го зголеми водството на 2: 0, но шест минути подоцна Франческо Касат го намали заостанувањето. Лацио повторно го зголеми водството на два гола со точниот удар на Данило Каталди. Во последната минута Доменико Кришито постигна гол од пенал, за да го оформи крајниот резултат.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO