Актуелниот шампион во тешка категорија во верзијата на Светкиот боксерски сојуз (WBC) Дионтеј Вајлдер изјави дека не е загрижен од разликата во тежината со Тајсон Фјури во пресрет на реваншот. За време на церемонијата на мерење на тежината, Фјури се покажа како потежок од Вајлдер со 19,4 кг.

„Не ми пречи тежината на Тајсон Фјури. Секогаш сум се борел со поголеми момци од мене. Тоа само ќе го забави Фјури. Не сум загрижен за неговата тежина. Тоа нема никакво значење, ние сме во во тешка категорија. ʺВО целата моја кариера сум бил полесен од моите соперници. Пристигнав за реваншот во најдобра физичка и псигичка состојба отколку во првата борба“, рече Вајлдер. Тој ќе се бори против Фјури вечерва во Лас Вегас. Канторот покажа дека Фјури сега тежи 123,8 кг, а Американецот тежи 104,4 кг. Тие најпрво се сретнаа во декември 2018 година, а по 12 рунди, беше досуден нерешен резултат. Вајлдер има 42 победи (42 со нокаут) на 43 професионални натпревари во боксот. Фјури има 29 победи и едно реми во 30 борби.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO