„…Дури над вас газат, стапки нечесни
робот во скр’б и маки е внесен,
тој ќе заборави имиња свети,
макар за него вие умревте…“

Пред да стане војвода, Митре Влавот бил овчар од Кономлади. Откако станал војвода ја оставил косата да расте и да му виси по рамењата. Со кругло лице, од косите кои му паѓале по него и долгата брада, едвај му се забележувале очите.

Поради “страшниот” изглед и непопустливоста пред оние кои се огрешиле пред делото, станал “велесилен”, страв и трепет за грчките намесници во Костурско. Во 1904 г. со цел “погрчување” на Македонија, под силно влијание на грчкиот владика Германос Каравангелис, грчките власти ги испраќаат првите андартски чети во Македонија, од кои што дел е и Павлос Мелас.

Школуван во Марсеј, Мелас е еден од најугледните грчки офицери. Веднаш после неговото доаѓање, заедно со владиката Каравангелис почнуваат да шират терор и под нож повторно “погрчување” на населението oд Костурско. Но, после само четири месечно командисување “храбриот” грчки капетан Meлас, успева да наседне на стапицата, умесно приведена од „овчарот“ Митре.

Сакајќи да го уништи и следејќи ги трагите од четата на Митре, под пороен дожд, низ една непрегледна ноќ, капетанот пристигнал во Корештата принуден да остане во едно село, да одморат и да се исушат неговите момчиња. Тогаш Митре, кој знаел за движењето на Мелас, испраќа во Кономлади едно писмо напишано на грчки до офицерот на тамошната турска војска, во коешто го посочил местото во коешто опседнал Мелас.

Писмото го напишал некој си Константин, по наредба на Митре и внатре во него ги информирал Турците дека во с. Статица, во филјан куќа наводно се наоѓа Митре Влавот, за чиешто убиство турските власти ветувале голема награда. Неговиот трик успеал. Турскиот капитан побрзал и уште истата ноќ ја заобиколил Статица и куќата во којашто бил Мелас.

Од лаежот на кучињата Мелас разбрал дека нешто се случува. Со револвер во раката излегол надвор и во истиот момент еден куршум од турската војска го пронижал низ стомахот. Турците се преродиле од радост, мислејќи дека го убиваат Митре Влавот.

Така барајќи го Митре низ планините на Македонија, капетанот познат по изреката: “Βουλγαρоς να μην μείνει”, го наоѓа својот крај .

По смртта Мелас бил прогласен за грчки национален херој и денес неговото име е симбол на „храброст“ во грчка Македонија.

А, за човекот кој ги спаси Костурчани од еден од најголеми душмани, Митре Пенџаров Влавот дали некој од вас слушнал ?


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO