Националистичка и автократска Србија е закана за цела Југоисточна Европа и клучен фактор за нејзината дестабилизација. Анти-црногорската реторика и поттикнувањето ко конфликт, што доаѓа како од страна на власта, така и од националистичката опозиција, ги надминуваат нивоата дури од времето на Слободан Милошевиќ.

Во Србија денес, степенот на национализмот се зголемува преку внатрешна хомогенизација и ширењето на омраза од внатре кон надвор. Сведоштво за ова се најновите пројави на фашизам и насилство во Војводина, затоа што најчесто таму може да се најде некој поразличен, кој треба да биде понижен, етикетиран и дехуманизиран.

Негирањето на злосторства, вклучително и на најтешкото злосторство геноцид, стана секојдневна појава, а прославувањто на сторените злосторства и хероизацијата на злосторниците е вообичаена појава. Во таква атмосфера, никој не треба да биде изненаден од изливот на омраза, насилство и фашизам.

По неуспехот на приказните за реформи и неискрените заклетви во Европа, владејачката Српска напредна партија ќе се врати на она што го умее најдобро- да шири омраза и национален шовинизам. Оваа партија живее од создавањето на непријатели. Денес тие се Црногорци, а пред тоа беа Хрвати, Бошњаци, а уште пред нив Македонци. Утре може да бидат Косоварите и со тоа кругот ќе се затвори.

Авторитарна и националистичка Србија не може да се помири со независноста на Црна Гора, таа само со зборови ја признава Босна и Херцеговина, а всушност прави сè што може за да ја ослаби.

Власта го претвори српското општество во нација, разјадена од омраза и агресија. На земјата и недостасува каква и да било адекватна алтернатива. Србија практично се врати на еднопартискиот модел на владеење и ја има интелектуално најслабата опозиција. Нема никаква идеолошка разлика помеѓу власта и националистичката опозиција, нема разлика во курсот за надворешната политика, единствено за што се натпреваруваат е омразата кон соседите. И нивниот единствен спор е кој ќе биде на власт и кој ќе ги држи парите.

––––––––––

Милевој Бешлин, историчар. Неговата анализа е објавена во весникот ʺДенесʺи порталот ʺАвтономијаʺ


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO