Враќањето на старата табла на МТСП од страна на техничката министерка Рашела Мизрахи потврди дека ВМРО -ДПМНЕ ќе води ревизионистичка политика.

Меѓународната заедница, пред се, амбасадата на САД предупредија да не се манипулира со Договорот од Преспа. Меѓутоа Христијан Мицкоски веќе следниот ден го отфрли ваквиот апел.

Преку промената на таблата на МТСП, ВМРО ДПМНЕ симболично докажа дека нема намера да го почитува Договорот со Преспа, што доколку бидат на власт значи проблематизирање и на односите со Грција, ЕУ и НАТО.

Истовремено, ВМРО ДПМНЕ направи и провокација кон Албанците и останатите етнички заедници со тоа што го суспендираше Законот за употреба на јазиците.

Ова сериозно го поткопува коалициониот капацитет на ДПМНЕ со албанските партии на кои и досега им пречеа националистичките испади на оваа партија.

Албанските партии јасно порачаа дека нема да коаицираат со партија која не ги признава договорите со Бугарија и Грција, како и Законот за употреба на јазиците.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO