Како што е познато , Бугарскиот Културен Клуб-Скопје (БККС) е традиционален организатор на панихидите во чест на тетовчанката Мара Бунева. Дури и последната плоча во чест на героината Мара Бунева, која веќе неколку години стои негибната на кејот на реката Вардар, е поставена од БККС. Како една ретроспектива, ТАТКОВИНА денес го публикува интегрално говорот на претседателот на БККС Лазар Младенов на панихидата за Мара Бунева во 2014 година:

ʺДраги пријатели,

Се собравме тука за да ја одбележиме 86-годишнината од смртта на големата бугарска героина од Македонија, тетовчанката Мара Бунева. Извршеното од неа дело, убиството на српскиот правен советник Велимир Прелиќ, во време на најкрвавата окупација на Македонија – одговорниот крвник во Скопскиот студентски процес против дејците на Македонската младешка тајна револуционерна организација, и денес предизвикува контроверзи во недокрај ослободените умови, кај кои се уште тежи едноумната или поточно безумната идеолошка наслага, сега филувана со антична череша. Скроената идеолошка матрица, длабоко вградена во менталниот склоп на многумина, никако не ги надминува србоманските норми наметнати од Белград, дури и во време на т.н. демократија. Демократијата на едноумието, украсенa и со антични рефлексии денес е насекаде околу нас. Тоа е и основната причина, маркантни личности и борци за слободата, како Мара Бунева, Тодор Александров и Ванчо Михайлов, се уште да се завиткани во сивилото на македонската непрозрачност. Се оди дотаму, дури и наводни патриотски портали со говор на омраза да го најавуваат денешниот настан, дури и да филуваат дека досега „редовно се случувале инциденти” по повод оваa прослава. Редовното кршење на плочата која секоја година се поставува на ова исто место, само ја отсликува безидејноста и неинформираноста на актерите на тоа гнасно дело. Но, ако злосторството е дело на инородци, истото треба да е аларм за македонските грагяни да се разбудат од идеолошката заблуда која им ја насадија токму тие кои ги манипулираат во однос на сопствената историја и битисување. Како инаку да го оправдаме молкот пред поставувањето на споменици на инородни владетели, кои се распознаваат во историјата по крвавиот деспотизам при владеењето на македонските земји. За да се издигне над конструираната матрица, време е Македонија да почне да ги почитува сопствените величини, како основа за возвратена почит од другите. Ако можеше да се обноват објекти од најкрвавиот окупационен период на ова парче македонска земја, за да ни се продава магла како тоа да било нормален граѓански период, време е да се изгради одново и маркантниот паметник, кој што бил изграден во минатото во чест на уште помаркантната личност на Мара Бунева. Со тоа властите би покажале дека имат желба да почнат да го менуват односот кон сопствените граѓани со бугарска национална свест, кои се основните носители на идејата за самостојна македонска држава!

Бугарскиот културен клуб-Скопје, кој е организатор на ова чествување, е организација која се бори за индивидуалните човечки права во РМ – на секој бугарин пооделно, на сите бугари заедно, но и на сите граѓани воопшто.

БККС не се бори за малцински права, ниту сака да провоцира нови линии на разделба во и така разделеното македонско општество. Осознаените македонски бугари и останатите граѓани кои се определуваат како македонци, нема што да делат – тие почитуваат едни и исти херои, пеат едни и исти песни, говорат еден и ист јазик, споделуват една и иста историја.

БККС се поставува контра изветвената југословенска концепција на разделба на луѓето на категории – на мнозинства и малцинства. Се бориме за запазување на бугарското културно и историско наследство, но откажуваме да учествуваме во „трговија со малцинства” меѓу двете држави, каква што ретроградните сили од минатото, сакаат да наметнат.

БККС и понатаму ќе опстоюва на својата агенда и презентација на бугарската култура, за која за жал, се уште постои еднострано построен кинески зид, и да ги одбележува значајните дати од нашето опстојување. Ќе опстоиме, културно, без екстремизам и ке не носи духот на реалните величини на македонското ослободително дело. Со нас е величието на возрожденците, духот на Илинден, величието на Тиквешкото и Охридско-Дебарското востание, со нас и во нас е духот и делото на Мара Бунева. Никогаш нема да ја заборавиме и вечно ке ја славиме. Се надеваме, дека после споменикот на Тодор Александров, наскоро ке доживеаме да се поклонуваме и пред спомениците на великите Ванчо Михајлов и Мара Бунева.

Вечна и слава на големата героина!

Да сте живи и здрави всички и за много години!ʺ


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO