Воената драма „1917“ доминираше на наградите кои ги доделува Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА), освојувајќи вкупно 7 признанија.

Филмот, кој раскажува приказна за двајца војници на специјална мисија во текот на Првата светска војна, ги освои речиси сите главни награди: најдобар филм, најдобар британски филм, најдобар режисер и најдобра кинематографија, а триумфираше и во категориите за најдобар продукциски дизајн, специјални ефекти и најдобар звук.

„Не можам да бидат посреќен. Има некое задоволство кога ќе видиш дека приказна која ми е толку лична за мене и моето семејство се развива и привлекува толку голема публика. Никој од нас не знаеше дали публиката ќе го прифати, не бевме воопшто сигурни“, изјавил режисерот Сем Мендез за Би Би Си.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO