
Кристијано Роналдо постигна два гола од пенали во успехот на Јувентус против Фиорентина со 3-0 во двобој од 22-то коло на италијанската Серија А, одигран во Торино. Португалската суперsвезда зе запиша во 40-та и 80-та минута и на тој на1ин се изедначи со постигнувањето на Дејвид Трезеге од најмалку еден гол постигнат на девет последователни натпревари за Јуве во лигата. Роналдо веќе има 20 голови во Калчото оваа сезона и вкупно 23 на сите турнири.
Јувентус во најголем дел ја контролираше играта, но гостите од Фиренца исто имаа свои можности. Во првото полувреме, Војчех Шченсни на неколку пати требаше да прави одлични интервенции за да го задржи резултатот непроменет. Непосредно пред полувремето, Миралем Паниќ шутираше надвор од шеснаесетникот и топката се одби во раката на дефанзивецот во виолетова боја. Судијата ја испита ситуацијата со ВАР и досуди казна од 11 метри, ладнокрвно реализиран од Роналдо.
По паузата Бенаси за ʺВиолаʺ и Игуаин и Рабио домашната екипа имаа шанси да постигнат гол, но не падна до последните десет минути од натпреварот.Родриго Бентанкур помина неколку играчи пред Федерико Чекерини да го сруши во шеснаесетникот. Судијата повторно ја разгледа ситуацијата и не се двоумеше да досуди втор пенал, уште еднаш реализиран од Кристијано.Во последната минута од редовното време, Матијас де Лихт го постигна својот втор гол во сезоната, по центрирање од корнер.
Јувентус ја зголеми својота предност на врвот на табелата со шест бода пред Интер. Старата дама има 54 бода, Нероазурите 48 и натпревар помалку, а Лацио 46 и две средби помалку. Фиорентина ја прекина својата серија од четири натпревари без пораз во Серија А и е на 14-то место со 25 поени.
