
Дефанзивецот на Барселона Самуел Умтити, откажал да премине во Арсенал за време на зимскиот преоден рок, соопшти Le Parisien. Лондонскиот клуб дал официјална понуда, но централниот дефанзивец одговорил негативно на понудата заради неговите лични услови.
Умтити ја смета Барселона за најдобар клуб во светот и гори од желба да си го врати местото во почетниот состав.
За време на преодниот период, се појавија гласини дека кандидат за играчот е и Манчестер Јунајтед, а шпанскиот гранд е подготвен да се раздели со својот играч за 20 милиони евра. Оваа сезона Умтити учествуваше на 7 натпревари во Примера дивисион. Каталонскиот тим по одиграни 21круга е втор на рангирањето со три бода помалку од лидерот Реал Мадрид. Тековниот договор на фудбалерот со Барса е до јуни 2023 година.
