Реал Мадрид го совлада Атлетико со 1: 0 во градското дерби од 26-то коло од Примера дивисион. Натпреварот се игра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ пред 77.200 гледачи.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Карим Бензема во второто полувреме. Францускиот напаѓач постигна гол во 57-та минута, кога од границата на малиот казнет простор начека центрирање од Ферлан Менди и не му даде шанси на Јан Облак.

Оваа победа му овозможи на „Белиот балет“ да се одлепи со шест бода од составот на Барселона, кој го пречекува утре Леванте. Атлетико останува на петтото место на табелата со 36 бода, 13 помалку од ривалот Реал Мадрид. Во следното коло, екипата на Зинедин Зидан и гостува на Осасуна.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO