Брекситот беше ирационален но рациналноста во Континенталниот дел на Европа е различна од онаа на Британија.

Таму владее друга географија и колку сакате да ви изгледа дека Брекситот го покренаја националистите сепак се работи за идеологија спротивна од расизмот.На пример..

Британија, емотивно, а не рационално се враќа на Комонвелтот.Таму, заглавени во она што ние го нарекуваме Антика, работите се далеку по комплицирани од времето кога беше самиот усвоен и потпишан од членките.Британија е далеку по слаба од тогаш во компарација со членките на Комонвелтот.Но ете Антиката победи ,а изгуби ЕУ со своето однесување.

Веројатно ЕУ пак треба да се реформира и дефинира.Веројатно е дека треба и да го компензира овој излез на Британија од ЕУ.

Брекситот впрочем опстојува од денот од пред да биде примена Британија во ЕУ.

И тогаш голем дел од населението беше против членството на Британија во ЕУ.

Европските релации и бирократија и пазарења само го зголеми овој број и беше поставен на референдум.Знаеме како помина.

Се занимававме над 1000 денови со Брексит и лошиот неспосебен Контра-Брексит без лидер и филозофија.

Едно е сигурно.Макрон има право во овој момент.Но ќе се крши помеѓу либералниот процес на примање на нови членки и тврдиот, не примање на нови членки.

ЕУ пак сеуште ќе размислува (посебно Германија и Франција) дали идните инвестиции во земји на Комонвелтот и Кина да ги преусмерат во Новата Европа или и Источна Европа.

Дури владее еуфоријата на Брекситот ,од една Украина идат чудни тонови за ЕУ.

Тврди да тие би биле и спремни да се приклучат на ЕУ за некои години и тоа да го изработат многу брзо и со мобилизација на цела држава.

Македонија е тука некаде помеѓу вокабуларот на Украина спрема ЕУ и ЕУ спрема Балканот.

Важно е да нашите од МНР ,доста заспани,се уклучат и да барем договараат билатерално со Британија околу визниот режим и работните дозволи.Тоа можат и без ЕУ. Но секако ЕУ надворешната политика опфаќа и работи кои мора да ги почитуваме но и работи кои не треба баш да ги почитуваме.

Британија е еден од нај големите инвеститори во Македонија во овие 15 години.

И приливите од таму не се за потценување.

Да, покрај ЕУ мораме да водиме и билатерални преговори. Меки но и суштествени.

Овој пат да почнеме од безвизниот режим. Доколку МНР е во кондиција тоа да го направи пред Изборно.

Не е лошо Претседателот и Министерот за Надворешни да фатат џаде да видат по тоа. Има многу да се разговара за тие работи.Од пензиски до осигурувањето.

Глупаво е да се остави на случаности.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO