Најмалку 10 скулптури на Салвадор Дали се украдени од галеријата во Стокхолм. Грабежот го извршиле најмалку две лица кои во моментот се бараат, пренесува Асошиејтед Прес.

Криминалот се случи рано утрово. Еден прозорец беше скршен. Преземени се отпечатоци од местото и сторителите се трагаат. Полицијата во шведската престолнина досега се сомнева дека во уметничката галерија недостасуваат помеѓу 10 и 12 дела на шпанскиот уметник.

Сопственикот на галеријата за локалните медиуми изјави дека алармот е запрен околу 4 часот и полицијата пристигнала на местото на настанот набргу потоа.

Секоја од украдените скулптури вреди меѓу 21 000 и 52 000 долари. Меѓу украдените скулптури се и некои од најпознатите дела на Салвадор Дали, вклучувајќи го и таа со часовниците, што беше изложена во галеријата 10 дена.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO