Јамајканскиот хип-хоп и реге артист Ky-Mani Marley е првиот потврден гостин на Д Фестивал

Синот на Боб Марли не дозволува вредностите на неговиот татко да отидат во заборав со тоа што ја продолжува традицијата и со својата музика ги инспирира луѓето од целиот свет.

Играјќи си со хип-хоп, блуз, реге и рок звуците, во јули во Дојран, ќе ни ја раскаже својата уникатна животна приказна.

Единствениот open-air музички фестивал во Македонија, Д ФЕСТИВАЛ во 2020 година го организира своето десетто издание кое ќе се одржува со тридневна програма, од 3 до 6 јули во Дојран.

И оваа година, Д ФЕСТИВАЛ повторнo ги поставува своите шатори на дојранското крајбрежје и на своите посетители им нуди многу повеќе од само атрактивна музичка програма, овозможувајќи им воедно да уживаат и бидат дел од уникатната атмосфера, создавајќи едно несекојдневно искуство кое ги брише сите изговори за поделба и нетрпеливост.

Веќе десетта година по ред со континуиран раст овој настан ја зацврстува својата традиција и како референца за најспецифично музичко соединување кое привлекува повеќе од 10.000 посетители дневно. Но, Д ФЕСТИВАЛ не е само фестивал, туку настан со силна порака и своевидно движење за позитивни општествени промени користејќи ги креативните индустрии и врвните глобални уметнички случувања, како начин за пренесување на универзалната порака за љубов и слобода.

НАГРАДИ:
* 2015, 2016 – Номинација за „Најдобар мал фестивал“ од страна на престижните Европски Фестивалски Награди;
* 2016 – Номинација за „Најдобар алтернативен фестивал“ на Македонските Алтернативни Награди, организирани од БлаБла ТВ.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO