Леброн Џејмс го искористи Инстаграм за да ја изрази својата тага поради загубата на Коби Брајант, кој почина во неделата во хеликоптерска несреќа во која загина неговата 13-годишна ќерка и седум други.Леброн ветува дека ќе го продолжи наследството на Коби во ЛА Лејкерс и како многумина, тој не може да верува во она што се случило.
ʺНе сум подготвен, но еве започнувам“, напиша тој, пред да открие дека тој и Брајант разговорале во неделата наутро, само неколку часа пред 41-годишната легенда во НБА и неговата 13-годишна ќерка да починат во несреќата.
ʺБуквално го слушнав твојот глас во неделата наутро пред да ја напуштам Фили (Филаделфија) за да се упатам назад кон ЛА“, напиша Џејмс. ʺНе помислив ни за секунда дека тоа е последниот разговор што ќе го спроведеме “
Џејмс продолжи, потенцирајќи колку многу им значи Брајант на сите и особено на фановите и заедницата на Лос Анџелес Лејкерс. ʺТолку многу значиш за сите нас, особено за Лејкерс, и моја е одговорноста да го преземам тој товар на грб и да продолжам напред“.
Кариерите на Брајант и Џејмс во НБА лигата се пресекоа во 13 сезони – период во кој еден од нив достигнуваше до финалето секоја година без две (2005 и 2006 година). Двајцата ги обединија во репрезентацијата на САД и ја изведоа до доминација на теренот и два олимписки златни медали (2008 и 2012 година).
Две години откако Брајант ја заврши кариерата во 2016 година, Џејмс стана негов наследник на Лејкерс кога потпиша со тимот во 2018 година. Ден пред трагедијата што го погоди Коби, Леброн го измести на третото место во вечниот реализаторски пласман во НБА лигата . Последниот твит на Брајант беше имено поздрав кон Џејмс за неговото одлично достигнување.