
Пеп Гвардиола изјави дека е задоволен од претставувањето на неговиот Манчестер Сити оваа сезона, но го оквалификува соперникот за титулата Ливерпул како „феноменален“.
ʺГраѓанитеʺ заостануваат зад Ливерпул со 16 бода зад Мастерсајд и ппанецот е свесен дека шансите за трет последователен трофеј во Премиерлигата се илузорни. И покрај тоа „небесно-сините“ се втори на табелата и минатата сезона стана првиот тим што ја брани својата титула во Премиер лигата со децении наваму.
Гвардиола призна дека Ливерпул е класа над сите останати оваа сезона, но тој е убеден дека составот ќе беше во битката за титула во секое едно од останатите топ првенства во Европа. „Ливерпул очигледно ќе биде шампион во Премиер лигата, но тие ќе бидат шампиони во Шпанија, Италија, во Германија“, рече тој.
ʺТие ќе бидат шампиони каде насекаде по 23 натпревари, со 22 победи и едно реми. Во последните години Челси ја освои лигата и следната сезона не играше во Лигата на шампионите – истото се случи и со Лестер и повторно со Челзи. Кога станавме шампиони, ние го повторивме успехот. Насекаде ќ бевме близу до врвот со бодовите заработени досега. Но, Ливерпул е едноставно фантастичен и феноменален. Ние треба да го прифатиме тоа и да учиме од него “, заврши Гвардиола.
