Тимот на Милан продолжи со своите добри настапи од почетокот на годината, откако оствари касен успех против Удинезе со 3-2 на домашен терен во 20-то коло од Серија А. Во херој на „росонерите“ се претвори во напаѓачот Анте Ребиќ, кој се појави во игра на полувремето и постигна два гола за победата на неговиот тим.

Дуелот на „Сан Сиро“ започна добро за гостите, кои поведоа во шестата минута преку Јенс Ларсен, а до крајот на првото полувреме Милан не успеа да израмни. На полувремето, домашниот тренер Стефано Пиоли го внесе во игра Ребиќ и само три минути подоцна хрватскиот репрезентативец го изедначи резултатот. Во 71. минута „росонерите“ дојдоа до целосен пресврт благодарение на погодокот на Тео Ернандез, но тие беа попарени на пет минути пред крајот на регуларното време кога Кевин Лазанја направи 2-2. Сепак, навивачите на Милан славеа на крајот од натпреварот, откако Ребиќ донесе успех со гол од 90. минута.

Така, Милан забележа трета последователна победа во сите турнири и се искачи на седмото место на табелата со 28 поени, додека Удинезе ја завзема 13-та позиција со актив од 24 поени.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO