По пресудата на турскиот Уставен суд, од денеска треба да се укине забраната за користење Википедија во оваа земја. Судот пред извесно време одлучи дека блокадата на интернетската енциклопедија во Турција, која трае веќе 2 години, e кршење на слободата на изразување.

Пресудата на Уставниот суд, објавена во Службен весник, го отвора патот за укинување на забраната воведена во април 2017 година, поради напис во Википедија со кој Турција се поврзуваше со терористички организации.

Укинувањето на забраната од Уставниот суд го побара Фондацијата Википедија, непрофитната организација која оддржува страници со онлајн енциклопедии.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO