По три сезони емитувани пред македонската публика, серијата „Преспав“ ќе се прикажува и на бугарската национална телевизија БТВ.

– „Преспав“ е првиот ТВ хит од Македонија што ќе се емитува пред бројната бугарска публика. Навистина сум горд на овој успех и особено сум им благодарен на сите професионалци вклучени во реализацијата, како и на поддршката од МРТВ, изјави продуцентот на серијата Пеце Талески.

“Преспав“ ќе се емитува на btv Comedy секој ден од понеделник, до петок во 17 часот, а за викенд ќе следуваат репризи. btv Comedy е единствен канал на бугарскиот телевизиски пазар што емитува 24 часовна смеа, односно само комична и забавна програма. Каналот има за цел да создаде позитивен дух во етерот и добро расположение за гледачот.

Емитувањето на четвртата сезона започна овој месец на првиот канал на МРТВ, а епизодите ќе бидат достапни и на каналот на „Преспав“ на Јутјуб.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO