Под ова мото, познато по пропагандните грчки картички со лик на националниот херој Павлос Мелас, грчката вооружена пропаганда во Македонија, позната како македонска борба, делувала особено агресивно во периодот 1903 – 1908 година.

Грција во македонската провинција, која се наоѓа во рамките на Отоманската империја, е во вооружен судир со трупите на Внатрешната Македоно-Одринска Револуционеран Организација, најчесто во сојуз со турските трупи.

Нивните активности се пренесуваат и на цивилното население во форма на терор, убиства, подметнување пожар, масакри. Целта на создавање и дејствување на грчката борба за Македонија е презентирање на територијалните аспирации на Грција кон Македонија и резултатот од грчката национална политика. Пред да влезат во Македонија, припадниците на грчките трупи ја положувале следнава заклетва:

„Заклетвата на македономахот:

Се колнам во името на Светата Троица дека ќе ја чувам тајната и ќе работам со целата своја душа и срце за истребување на БУГАРСКИТЕ престапници и за успехот на слободата на мојата татковина Македонија.

На непријателите на мојата татковина нема да предадам ниту најмала работа, дури и ако ми го ставаат ножот на вратот. Ако ја прекршам оваа заклетва, Господ ќе ме казни и ослободителите на татковината нека ме разнесат на парчиња и гревот да тежи врз мене “.

Извор: Илюстрация БѢло море Illustration Belo more


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO