Шпанија на 24 октомври ќе ги премести посмртните останки на диктаторот Франциско Франко од државниот мавзолејот кој се наоѓа во близина на Мадрид, соопшти шпанската влада. Минатиот месец Врховниот суд ја отфрли жалбата на семејството на Франко кои се противеа на ексхумацијата. Посмртните останки на Франко ќе бидат пренесени на државните гробиштата во близина на градот, и тој ќе почива до неговата сопруга. На церемонијата ќе присуствува неговото семејство.

Властите во Шпанија сметаат дека државата не треба да го слави диктаторот, затоа преместувањето на останките им беше еден од приоритетите.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO