Бугарија се вклучи во продолжението на трасата ʺТурски потокʺ,  која минува низ земјата. Тоаа е исклучително скап договор – над 2,5 милијарди лева, т.е. ги надминува со околу половина милијарда лева договорите склучени со Соединетите држави за испорака на нови борбени авиони Ф-16. Редица експерти се крајно скептични во однос на рентабилноста на оваа колосална инвестиција – уште повеќе, дека со изградбата на новата траса ќе секнат приходите што ги добиваме за транзит преку постојните цевки, за чија експлоатација имаме гаранција до 2030 година.

Многу позагрижен сум меѓутоа од геополитичките последици од овој договор. Тоај не води до диверзификација, но го има за цел ослабнувњето на ЕУ и НАТО.

И ако дел од европските држави, следејќи ги своите национални ползи, се подготвени да ја изостават европската солидарност, во овој случај Бугарија работи против своите национални интереси. Затоа што – не треба да се заблудуваме во однос на вистинската цел на вакви активности, ако единството на овој фланг се пропука, најголемиот губитник ќе биде нашата земја.

Чунким нашето место е со Русија на Путин, со Турција на Ердоган, со Србија на Вучиќ, со Унгарија на Орбан и со Австрија, пронижана од руско влијание? Убеден сум, дека треба да застанеме категорично до балтичките земји, до Полска, Романија и Грција. Така, во тесна соработка со САД, ќе можеме да го задржиме „источниот фланг“ на западниот свет.

БЗНС предупредува, како што го правела секој пат, кога Бугарија стигнувала со погрешен геополитички избор – 1915, 1941 и по 1945 година, дека повторно ќе бидеме на губитничката страна!

И овој пат последиците можат да бидат многу опасни и лоши!

––––––––––––––-

Николаj Ненчев, претседател на БЗНС и министер за одбрана (2014-2017)


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO