
Детронираниот шампион САД загуби од Србија 89:94 во двобој за распределување на местата од 5-8 на Светското првенство во кошарка во Кина.
Младиот тим на Грег Попович допушти пораз вчера и од Франција во четвртфинален натпревар 79-89, со шти сравија крај на надежите за трета последователна светска титула. Тоа беше и нивниот прв пораз на голем меѓународен форум од Светското првенство во 2006 година. Денешниот натпревар против Србите, од многумина беше сметамн за финален на турнирот помеѓу актуелниот шампион и главниот претендент.
Американците сè уште размислуваа за вчерашниот пораз од „петлите“, а по крајот на првата четвртина нивниот заостаток беше огромен – 32-7 за избраниците на Александар Ѓорѓевиќ. Јанките имаа период од пет минути без погодок. ʺПлавитеʺ, кои загубија од Аргентина во четвртфиналето, врвеа кон разгромна победа, но поранешниот светски шампион се врати и на полувремето заостануваше само со четири поени.. На стартот на последната четвртина, Србите имаа предност од три поени, одржувајќи ја предноста до крајот на натпреварот, а за САД претстои уште еден дуел во сабота.
Богдановиќ, кој беше еден од најдобрите играчи на турнирот, беше најпродуктивен за победниците со 28 поени. За Американците, Харисон Барнс се запиша со 22. Утре е полуфиналето на Светското првенство, во кое еден против друг излегуваат Шпанија против Австралија и Франција против Аргентина.
