Напаѓачот на Пари Сен Жермен Килиан Мбапе ќе го пропушти првиот натпревар од групната фаза од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, соопштува . Le Parisien.

20-годишниот Французин тренира во олеснет режим, но се наложува да не игра на неколку натпревари, меѓу кои и оној со Стразбур од Лига 1 и со Реал Мадрид на 18 септември. Мбапе доживеа повреда на мускулот во бутот за време на натпреварот од третото коло од Францускиот шампионат против Тулуз (4-0).

Оваа сезона тој учествуваше на четири натпревари во ПСЖ, постигнувајќи два гола и асистираше за еден. Неговиот договор со парижаните е до летото 2022 година, а неговата трансферна вредност е околу 200 милиони евра.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO