Пилотот на Ферари Себастијан Фетел го даде најбрзото време во третиот и последен слободен тренинг пред квалификацијата за Гранд при на Италија подоцна денес. Четирикратниот светски шампион забележа резултат од 1 минута 20.294 секунди, што беше за 0,032 секунди побрзо од оној на Макс Верстапен со Ред Бул. Валери Ботас со Мерцедес и Шарл Љоклер со Ферари, дадоа трето и четврто време, соодветно. Петкратниот светски шампион и убедлив лидер во генералното рангирање даде шести резултат на третиот тренинг.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO