Напаѓачот на Баерн Минхен Роберт Левандовски изрази мнение дека неговиот нов договор со германскиот клуб ќе биде потпишан во скоро време.

„Склучен ли е нов договор? Уште не, но веројатноста за нов договор е голема, можеби 95%“, објави Полјакот, цитиран од Sky Sports. Синоќа тој ги постигна сите три гола за победата на Баерн над Шалке со 3-0 на гости. Неговиот сегашен договор со Баварците е до 2021 година. Левандовски во 2018 година стана најдобар стрелец во квалификациите за Светскиот куп, постигнувајќи 16 голови.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO