Тимот на Борусија Дортмунд го задржа својот целосен актив од бодови, откако во првиот натпревар од второто коло од Бундеслигата го совлада Келн со 3: 1.

Откако во првото коло воспитаниците на Лусиен Фавр направија пресврт и го совладаа Аугсбург со 5: 1 на ʺРајн Енерџ Штадионʺ, тие повторно требаше да се справат со ран пасив. Доминик Дрекслер му донесе предност на Келн во 29-та минута, а избраниците на Борусија изедначија дури во 70-та минута преку Џејдан Санчо. Ашраф Хакими им донесе предност на гостите во 86 минута од натпреварот, а во 90-та минута Пако Алкасер стави точка на натпреварот со трет гол за Дортмунд. Така, Борусија Дортмунд веќе има шест бода, додека Келн продолжува да го бара својот прв бод во сезоната.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO