Светскиот шампион во тешка категорија, Анди Руиз-младиот се закани дека ʺќе стави крај на кариерата на Антони Џошуа, по реваншот меѓу двајцата на 7 декември во Саудиска Арабија.

Руиз го шокираше светот на боксот откако го нокаутираше Џошуа во судирот меѓу двајцата на Медисон Сквер Гарден на 1 јуни, со што му го нанесе првиот пораз на британецот во професионалната кариера и му ги одзеде трите појаси и стана првиот Мексиканец светски шампион во тешка категорија . По преговорите, двајцата се согласија да има реванш меѓу нив на 7 декември во Саудиска Арабија, при што Руиз наводно бил незадоволен од предложените услови за него, но сега тој е првиот што зборува за претстојниот судир. „Јас го детронирав кралот на 1 јуни и ја пренапишав историјата со тоа што станав прв мексикански шампион во тешка категорија. Немам трпение да ставам крај на неговата кариера во пустината. Ќе го покажам величието на мексиканскиот бокс во Саудиска Арабија“, напиша Руиз (29) во Твитер.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO