Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар побара Барселона побрзо да го реши прашањето со неговиот трансфер, соопшти „Ел Мундо Депортиво“. Бразилецот е незадоволен од тоа што каталонскиот клуб не успева да се договори со парижаните за тоа.

Нејмар сака да има нов клуб што е можно поскоро. Се очекува Барса денеска да даде нов предлог за него.

Сепак, шпанскиот гранд сака од Нејмар да даде изјава во која ќе рече дека сака да игра само на „Камп Ноу“, а Бразилецот одбива, плашејќи се дека ПСЖ нема да го пушти во Барселона и според неговите зборови, ќе ја затвори можноста да се пресели во Реал. Барселона претходно му понуди на ПСЖ да го изнајми Нејмар за две сезони, со опција да го купи за 120 милиони евра во летото 2020 година или 170 милиони во 2021 година. Двете опции беа одбиени од францускиот клуб. Каталонците веќе направија два големи трансфери летово, купувајќи го играчот од средниот ред Френки де Јонг и напаѓачот Антоан Гризман. Освен тоа, раководството на ПСЖ е во лоши односи со колегите од „Камп Ноу“ и тоа го прави трансферот на Нејмар засега невозможен.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO