Олимписката легенда Карл Луис го определи американскиот претседател Доналд Трамп како „расист“ и „женомразец“. Луис зборуваше од Лима (Перу), каде се одржуваат пан-американските игри.

„Имаме претседател кој е расист и женомразец, кој не почитува никој освен самиот себеси“, рече Луис кога беше прашан за еднаквоста меѓу половите во спортот. „Мајка ми беше пионер. Моите родители беа учители и ми велеа дека секој заслужува еднакви можности “, изјави деветкратниот олимписки шампион.

„Се разбира дека сум за еднакво плаќање во атлетиката. Воопшто не треба да разговараме за тоа. Треба да се бориме за правата на луѓето и да се сакаме едни со други “, додаде Луис, кој ќе остане во главниот град на Перу до крајот на неделата кога ќе завршат Игрите.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO