Тропската бура „Бери“ што ја зафати Луизијана ослабна и сега премина во така наречена тропска депресија. Метеоролозите и натаму предупредуваат дека може да дојде до поплави и појава на торнадо.

Максималната брзина на ветрот опадна на 55 километри на час.

Националната метеоролошка служба соопшти дека поплавите и торнадото се забележани јужно и источно од центарот на бурата во Луизијана, а слична состојба може да се случи и на западниот дел на сојузната држава Арканзас.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO