Во 1919 година по налог на Никола Пашиќ е отпочнато менаџирањето на сеченото ,лепеното ,монтираното и демонтираното во кралството СХС.
Новата држава требало да расти но таа држава не смеела да има внатрешни големи проблеми и идеи за сепарации ,скуцесии и слично.Значи во 1919 година е отпочната да се пишува Федралната Историја на народите во Кралството СХС ,а подоцна Југославија.
Пишувањето,цензурата и одобрувањето се пишувало во експертски групи ,а за Македонската историја лично бил одговорен Никола Пашиќ со неколку други експерти.
Никола Пашиќ инаку долго време живеел кај неговиот вујко,градежен предузимач во Софија каде Пашиќ успеал да се запосли извесно време во Бугарското МНР.
Него од таму му била јасна сета проблематика на Српско-Македонските-Бугарските и Грчките односи.
Дел од Македонските револуционери ги знаел и лично.
Заради тоа ,посветил посебно поглавје во својот живот да ги зацврсти одностие на Белград и Атина.Никола Пашиќ за тоа време е нај крупниот балкански дипломат и историчар на дипломатијата како и историско политички аналитичар.Не се занимавал со класична историја туку политичка историја.
Сега со прости зборови сакам да опишам како во 1919 до 1925 година е создавана Историјата на Македонија од страна на Белград.
Се одело од револуционер до револуционер ,со име и презиме и анализа на неговите дејности и изјави ,свежи за тоа време.
Борис Сарафов ..Лик бр.1 ,Непријател на Отоманската Империја Бр.1 ,Македонист,афтономаш и лик кои можел да имплицира во Вардарската Бановина- Се брише од историјата и е забрането да се дискутира за него под присмотра на тајната полиција.Посебно заради неговите лични релации со Бугарскито цар,Фердинанд.
Даме Груев,заради познанствата со дворот во Белград од каде примал помош за Илинденското востание се прогласува за доброчуден лик кој ете може да се слави
Никола Карев ,лик кои не може да имплицира по афтономија во Македонија ,доброчуден лик.
Гоце Делчев- Непознат лик и не биле на јасно кој и како го убил пред востанието
Јане Сандански-Бугарски крвник,терорист и убиец
Тодор Александров(подоцна опишан во 1922 година) како главен непријател,терорист,водач на самуправна област во Бугарија која Бугарите не можеле да ја контролираат.Опасен бугарски водач со кои треба Белград да се пресмета со помош на Русија,Грција но и Бугарија.
Се пазело во ситни детали кој е кој и кој е Бугарски пратеник и револуционер за отцепување на Вардарската Бановина и припојување на Бугарија.Таквите биле и стрелани и затворани и се по список.
Никола Пашиќ бил најмногу изнервиран од Грчките власти и Црковните Кругови.Тие во пресметката со Бугарската егзархија ,а да ја поделат на бугари-егзархисти и бугари –патријаршисти почнале да зборуваат за Македонци односно ,Бугари кои припаѓале на Грчката Православна Црква.Со зборот Македонци правеле динстинкција на бугарите на добри ,тие што биле со Патријаршијата и лоши ,што биле со Бугарската Егзархија.
Никола Пашиќ утврдил дека во Југот на Вардарската Бановина има цркви кои се градени со Бугарски томос или пак Бугарската Егзархија ги превзела во управување од Васелнската Патријаршија.Проблемот бил уште поголем да во Јужниот дел на Бановината егзистирале и цркви кои биле изградени на томос на Васеленската Патријаршија но биле превземени од Грчката Патријаршија .За ова да не го наруши ,Српскиот Крал и Грчкиот крал се договориле кои да ги превземи овие цркви и до каде е нивната јурисдикција.Заради лошиот тек на преговорите ,а за секој случај СХС и Кралот одлучиле во Вардарска Бановина да се изградат цркви на нивен томос.
Оваа мерка најдобро се гледа во Прилеп.Св.Благовештение била изградена на томос од Васеленската Патријаршија,а подоцна оделена на Бугарската Егзархија.Агиос Метаморфозис или Црквата Преображдање била изградена со томос на Васеленската Патријаршија ,а превземена подоцна од Грчката Православна Црква .Кога го увиделе тоа во Белград на брзина издале декрет да од буџет се изгради црквата Параклис.

Исто е скоро во целиот југ на Вардарската Бановина.Многу често во преписките Белград ја опоменува Атина да ја прекини својата надлежност во Вардарска Бановина ,а во Грчка Македонија да го забрани бугарскиот простиот или македонскиот јазик кои го говореле граѓаните на Грција.Треба да ги пресечите корените на македонците и бугарштината како ние тоа што го правиме,да не би ја вратиле пак Бугарија на овие територии-Пишува Пашиќ до Атина во 1923 година во протестно писмо за издавањето на првиот Буквар на Македонската Азбука во Атина ,финансиран од Грчки црковни кругови.

Драги мои со ова го завршувам и мојот мал придонес кон големава карамкаша и матеница .
Јас едноставно сум уморен од целокупните глупости и шизофренија во оваа земја.Резултатите по години ќе ви бидат исти но СЕГА ТРЕБА ДА ЗРЕЕТЕ ,А ДО ТОГАШ ВИ ПОСАКУВАМ МНОГУ ЗДРАВЈЕ И УМ.

Автор: Даме Чкатроски


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO