Албанците од Македонија или Македонците со албанско етничко потекло, се најголеми пријатели на современиот македонски идентитет!

Кукавичкото данајско јајце, ставено во македонско гнездо, под стравот од “голема Албанија”, да предизвикаат модификација на македонскиот идентитет по “грчки рецепт”, е реална опасност, на која треба да и се спротиставиме!

Градењето на “македонска иднина” на антиалбански основи е “северен концепт”, кој има цел да продуцира перманентни судири во македонското општество! Тој е тесно поврзан со грчкиот концепт за антиквизација на македонската нација, промовиран од Груевски и Иванов! Во основа тие два, се всушност еден унифициран, антимакедонски концепт!

Информациите дека високи владини и опозициски функционери, од за нив познати “причини”, се веќе промотори на таа “грчка визија” за карактерот на македонската нација, се сериозни и не треба да се занемаруваат!

“Македонско – албанските решенија”, донесени во Протоколот потпишан од Македонската револуционерна организација (ВМРО) и Албанскиот револуционерен комитет (АРК), со современи модификации во нивната примена, се јасен одговор на “грчките амбиции” во Македонија!

ФБ статус на Петар Богоjески


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO