Во центарот на Атина е поставен споменик на Александар Велики како млад човек а не како војник, јавува новинската агенција МИА. Станува збор за споменик кој во 1992 година првпат беше претставен на јавноста, а во 1993 година откупен од Министерството за култура на Грција и 26 години поради разни причини не бил поставен. Се очекува утре да биде и свечено откриен во присуство на атинскиот градоначалник, Јоргос Каминис.

Споменикот денеска е покриен со платно, а работници интензивно работат на уредување на просторот околу споменикот. Се поставуваат плочки, се фарбаат бандерите, се средува делот под споменикот, за се да биде подготвено за утрешниот ден.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO