

Во тој контекст голема дебата се разви за „судбината“ на СЈО, по повод предлог-законот за Јавното обвинителство, при што дојде до израз негативниот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон СЈО, во низата на аналогно противење на споменатите договори, на уставните амандмани, пред тоа, при смената на власта, на конституирањето на Собранието (долготрајната опструкција и на крајот насилниот упад во Собранието).
ВМРО-ДПМНЕ не може да се најде во големата слика, зашто таа го негира светот на оваа партија. Во тој свет партијата беше поставена по урнек на касарна, а општото добро беше предмет на грабеж. Во идеолошкото огледало тој свет се отсликуваше/покриваше со идентитет и национално достоинство „позајмени“ од пропагандата на грчката борба за Македонија (Македоникос агон).
Целата колумна на професорот Димитар Димитров за prizma.mk може да ја прочитате тука.
