Токму кога се чинеше дека Преспанскиот договор ги разрешил споровите меѓу Северна Македонија и Грција, вршителот на функцијата министер за надворешни работи Сија Анагностополу го посети Скопје и ги разбранува духовите, кога му се заблагодари на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров за изјавата дека

„jазикот во неговата земја нема никаква врска со јазикот на грчките Македонци“.

Од Втората светска војна досега официјалната позиција на Скопје е дека во Северна Грција, која тие ја нарекуваат Егејска Македонија, живеат барем сто илјади луѓе кои што зборуваат на македонски јазик, иако грчката влада не го признава овој јазик за македонски и го нарекува „словенски“ .

Зарем и македонската влада сега го негира македонскиот карактер на овој јазик, прашуваат многу опозициски медиуми.

Во статијата „Толерантен сум, ама ас не забравам!“ македонскиот новинар Бранко Героски се впушта во елементарна манипулација со силно оспоруваното значење на терминот „македонски“.

Нормално било да се градат добрососедски односи со бугарите и со грците и затоа македонците се обидувале да бидат толерантни кон нивното негирање на македонскиот идентитет. Но, не прифаќал Македонците сами да се негират!

Во почетокот на својата статија Героски наведува дека имало две разбирања за поимот „Македонија“.

Првото било сврзано со нивниот етнички идентитет. Тој бил со словенско потекло, т.е. „славомакедонски“.

„Ние во Договорот од Преспа и формално се откажавме од инаку непостоечкото културното наследство на античките Македонци. Тоа, всушност, овозможи да се постигне компромисно решение за спорот со Грција.“

Второто разбирање на терминот „Македонци“ било она на Грците. Тие го разбираат ʺмакедонскотоʺ како ексклузивитет врз наследството на античките Македонци. Героски потсетува како уште пред 11 години пишувал, дека доколку станува прашање на идентификација со тоа наследство, немало смисла за Македонците да се борат за него. Тогаш многу од денешните бранители на Преспанскиот договор го напаѓале за таквите ставови. Но во случајот Грците биле во право. Александар Македонски ја ширел хеленската култура во тогашниот познат свет.

Но не било точно, дека имало Грци, кои се нарекувале Македонци. Во етно-културна смисла, според Героски, не суштествуваат луѓе кои се идентификуваат со географски места. Немало „грчки Македонци“, како што немало „бугарски Македонци“ или „албански Македонци“ или „гевгелиски Македонци“!

Оние, кои живееле во Грција и зборувале на јазик за кој според зборовите на портпаролот на владата на Северна Македонија Миле Бошњаковски „не било наша работа да кажуваме каков е“, не биле „грчки македонци“. Затоа Героски не разбирал како може министерот за надворешни работи на Северна Македонија да не се ангажира со позиција по прашањето на каков јазик зборува „словенското“ малцинство во Северна Грција, а портпаролот на владата да го оправдува!

Но,  не е тоа поводот тревога за Героски. Многу од помладите во Грција не зборувале веќе на македонски, бидејќи биле школувани во грчкиот образовен систем и биле целосно интегрирани во грчката култура.

Негова главна загриженост видливо доаѓа од третото значење на терминот „македонци“ и „македонски“. А тоа, според него, било дека македонци во етнокултурен план воопшто не постоеле и се делови од другите нации, кои се идентификуваат географски и со Македонија.

Според Героски, ако тоа било вистина, значело,  дека Македонците се вештачки создадени. И затоа, во Грција и најмногу во Бугарија, се зборувало за македонски Бугари.

А тоа било негирање на маакедонската нација во етнокултурна смисла.

Очигледно тоа е „црвената линија“ на Героски, која според него треба да биде и државна политика.

Во неговата претстава, за да си Македонец, треба да веруваш во теоријата за македонската (словенска) културна самобитност. Од тоа следува дека Героски ги исклучува македонските Бугари, или лицата со осознато бугарски етничко потекло, од македонскиот народ. Неговата статија завршува со зборовите:

„Но, не прифаќам ние самите себеси да се негираме. Било од незнаење, било од причини поврзани со традицијата или трагедијата (кој како чита) на некои луѓе чии претходници веќе се истакнаа во негирањето на македонштината. Ас не забравам!“

Во случајот Героски навестува за изјавите на таткото на министерот Никола Димитров – проф. Димитров, кој исто така на два пати бил македонски министер, но не ги негира бугарските корени на современите Македонци.

Овиe црвени линии, кои што Героски ги црта веќе не пред соседните земји, а во самото општество, не се нови. Тие се нацртани веднаш по Втората светска војна, кога македонските Бугари биле прогласени за предавници. Тие „црвени линии“ веќе не можат да го обединат народот, а сигурно ќе доведат до негова нова и потешка поделба.

Штом Героски ги обвинува  оние кои не се согласуваат со него во „незнаење“,  да биде така добар да даде одговор на некои важни прашања:

1.Како и кога „Словените“ станале „етнокултурни Македонци“?

2.Каде на североисток е границата на „етнокултурните Македонци“? Кажано со едноставни зборови, имало ли, да речеме, за време на Отоманската империја етничка граница меѓу Бугари и Македонци – едно село „етнокултурно“ македонско, а соседното – „етнокултурно“ бугарско?

3.Зошто во народните песни од 19 век се пее за Бугари (во етнокултурен смисла), а не за Македонци?

4.Зошто жителите на Македонија масовно учествуваат во бугарската преродба – трансформација на замагленото етничко самоопределување во национално?

5.Зошто нема „македонска преродба“ – борба за афирмација на македонскиот јазик и култура, пред да се помисли за политичка автономија?

6.Зошто Македонците учествуваат масовно во изградбата на модерна Бугарија?

Прашањата се бесконечни, а одговорите кои сомислениците на Героски ги даваат се сложени, објаснувачки и неубедителни: „Вистинските“ Бугари (во 7 век) биле азиско племе; во Отоманската Империја Македонците немало како кави да се пишуваат; „Бугари“ тогаш не значело Бугари; имало епизодични сведоштва за македонска идентификација (ништо што не овие луѓетоку македонските Бугари изградиле сопствени цркви и училишта, и не тие дигале востанија) и.т.н.

Затоа, Героски се обидува да го претвори научниот спор во политички, иако едвај дали е свесен, дека во науката има точни одговори, а во политиката-не.

Стапнат на своите „црвени линии“, тој и други како него се обидуваат да го претстават отфрлањето на нивните ненаучни теории за минатото како политичко „негирање“.

Штом тврдиш дека Крчовски, Пејчиновиќ, Миладиновци, Гоце Делчев и други, биле Бугари, значи ме нарекуваш „вештачка творба“. Значи, ме навредуваш! Ако си странец тогаш си непријател на македонскиот народ. Ако си Македонец – значи си предавник!

Само што овој модел на размислување е силно подведувачки. Затоа што, како што вели англискиот филозоф Лесли Хартли,

„Минатото е туѓа држава“.

Нема ништо поподведувачко од трансплантацијата на нашите денешни разбирања кон главите на луѓето од други епохи. И да, македонската нација е вештачка творба. Но, такви се и сите други нации и култури во светот! „Вештачкото создавање“ се нарекува  историски развој!

Од тоа што пред сто години мнозинството од жителите на Македонија биле македонски Бугари, не следува дека Бранко Героски и над еден милион негови сограѓани не се Македонци во етнокултурен смисла!

Востанијата и војните на почетокот на 20 век завршија со пораз. Ниту сите територии на кои живееле Бугари, биле присоединети кон Бугарија, ниту се создава автономна македонска држава „со бугарска боја“ (каква според Крсте Мисирков била целта на „Комитето“). Голем дел од македонските Бугари, особено интелигенцијата, се протерани од нивните родни места. Ослободителното движење се фрагментирало. Оние за кои зачувувањето на бугарштината било врвен приоритет, немале други сојузници освен фашистите и нацистите. По Втората светска војна, бугарскиот иридентизам не само станал кауза пердута, но е во некаква степен бил дискредитиран. Ако во Бугарија „македонизацијата“ спроведена од БКП, е бесмислено исполнување на волјата на Советскиот Сојуз и на крајот не оставила значајни траги, тогаш во Југославија таа била појасот за спасување, кој им овозможува на локалните власти во сојуз со Тито да стават крај на насилната србизација.

Бугарија не треба да биде „негатор“ на современиот македонска идентитет, под услов таа да не ја негира историјата, каква што била, и не ги осудува македонските Бугари и Македонците со запазано сознание за бугарско потекло како предавници.

Низ вековите немало македонски народ, кој зборувал на македонски јазик, и тоа ниту Героски, ниту кој и да било можат да го променат. Но, от тоа не следи дека денес во соседството со Бугарија не постои македонски народ,  кој го определува својот јазик како македонски. И да, македонските Бугари се дел од овоj народ, макар што разликата помеѓу нив и останатите денешни Македонци не е „етнокултурна“, току схоластична!

Термините „македонци“ и „македонски“ немале статично значење во изминатите два века. Кога ќе го прифатиме овој очигледен факт, ќе ставиме крај на глупавите спорови и ќе создадеме услови за искрено пријателство и соработка во регионот.

Ексклузивно за ТАТКОВИНА и ПРИОРИТЕТИ: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO